ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ГИ ФРЛАЛ КАКО ХРАНА НА ЛАВОТ Егзекутиран „крвникот“ на Асад, објавени морничави снимки
Ова „чудовиште“ на Асад, познат и како Абу Сакр, беше еден од најозлогласените сириски воени лидери и моќен бизнисмен во Хама, а во еден момент ја предводеше милицијата на воздушно разузнавачката служба со дури 1.500 членови.
Сирискиот војник, кој ги фрлаше затворениците како храна на своето домашно милениче – лавот, беше јавно егзекутиран од локалните бунтовници по падот на режимот на Башар ал Асад.
Талал Дакак, озлогласениот член на елитната 25-та дивизија на сириската армија, позната и како Тигри, бил убиен од локалната милиција во западниот град Хама, според извештаите од теренот.