Ќе остане ли Скопје без пари?! Арсовска го пробила рокот и не доставила предлог-буџет до Советот

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска продолжува со своето несовесно работење. Од засега ричини кои и се познати само на неа, таа го пробила рокот и сè уште не го доставила предлог-буџетот до Советот на Град Скопје, за да се разгледува и да се изгласа, а ако Градот остане без буџет, ќе настане колапс, тотална анархија.

 

Не знам што ќе прави град Скопје до изборите, затоа што вчера бев информиран дека раководството на Град Скопје не го доставило предлог буџетот до советниците на Град Скопје навреме. Законот за финансирање на единици на локална самоуправа предвидува советот на секоја локална самоушрава, како и на Град Скопје, да изготви буџетски календар во кои рокови би требало градоначалникот треба да го достави предлог буџетот до Советот за да може да се разгледува, а потоа и да се гласа. Тој рок за Град Скопје бил 10 декември. До 13 декември не е доставен сѐ уште. Тука веќе имаме проблем. Навистина не знам што е целта. Но, ако остане Градот и без буџет, тогаш тоа е тотален колапс. Тоа е директно прекршување на надлежностите на градоначалникот кои се опишани во Законот за локална самоуправа – вели министерот за локална самоуправа Златко Перински во поткастот на Плусинфо.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа