Најнормална и најпосакувана работа во едно демократско општество е отворање расправа за работите кои сакаме да ги решиме.
Порано беше вообичаено во Уставниот суд да расправаат експерти за конкретни прашања.
И кој спомна странски експерти?
И да граѓаните треба да дебатираат.
И не, никој не решава за забрана на употребата на албанскиот јазик туку за начинот на регулирање на таа употреба.
На пример, слободата а не обврската на употреба во Собранието.
Или, регулирањето на употребата во судовите иод страна на администрацијата.
Или, процената на ефикасноста на системот кога станува збор за употреба на албанскиот јазик во делови од државата со население кое воопшто не зборува албански јазик.
Или наметнувањето на двојазичноста.
И да, доколку живеам во Албанија или Грција или Бугарија ќе го учам и научам тој јазик. Ама во држава во која 80% од граѓаните кои живеат во неа зборуваат македонски, тоа е јазикот на комуникација а секој друг јазик е јазик зштитен како дел од етничкиот и културниот идентитет на тоа малцинство.
И дај престнете да измислувате млака вода или тркало. Одамна се измислени.
А јас еве се согласувам јазик на комуникација да биде есперанто.
Мирјана Најчевска фб статус
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?