ЗА ПРВ ПАТ ЈА ГЛЕДАМЕ ОВАА СЛИКА, ОТСЕЧЕНАТА ГЛАВА НА Невена Георгиева Дуња КОЈА ЈА МАСАКРИРАЛЕ ОРДИТЕ НА ВАНЧО МИХАЈЛОВ

На денешен (16 декември 1942 година) ден е убиена и сквернавена малолетната скопјанка – Невена Георгиева Дуња.
Нејзини убијци беа изродите од Велес, контрачетниците од Ванчомихајловистичкото ВМРО предводено од Пано Манев (Ветерски), со помош на бугарската фашистичка окупаторска полиција.
Инаку Пано Ветерски и останатите изроди, беа стрелани на 15 јануари 1945, во добро познатиот Масакр крај Велес – оној истиот последователен настан после бунтот на Кале, за кој многумина излажани од бугарската пропаганда и нивните бугарофилски вазали во Македонија ви го претставуваат како маченички чин и масакр на “македонски” патриоти, а всушност се работи за одродени продадени души – бугарофили кои цела војна ликвидираа Македонци, ги предаваа на Бугарите за плата и пари.
Откако главата на Невена била отсечена, “храбрите ВМРО-овци” и големите “Христијани” ја шетале низ целиот град Велес за да на крај и ја закачат на излог, а со тоа да внесат страв кон населението во еден од најреволуционерните градови од Македонската историја – Велес.
Сликата која ја гледате прв-пат се појавува во јавност после многу години – кога ќе погледнете кој ги лајкува постовите за “македонскиот војвода” Пано Ветерски, за убиените предавници од Велес (во 1945) и останатата негова дружина, ќе ви стане и јасно кој ја крие од јавност единствената слика од отсечената глава на Невена Георгиева Дуња!
Можно е да е слика од текст
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа