Иако Македонија била само три месеци во рамките на Бугарија од 3 март до 13 јуни 1878 година колку што траел Санстефанскиот мировен договор меѓу Царска Русија и Отоманската Империја до одржувањето на Берлинскиот Конгрес од 13 јуни до 13 јули 1878 година на којшто договорот бил ревидиран, историјата на Македонија е најромантичниот дел од историјата на Бугарија: Софија, Илинденското востание го смета за бугарско, Македонскиот јазик го смета за дијалект на бугарскиот јазик, а Македонија ја смета за дел од Бугарија.
Впрочем, без Македонија, Бугарија останува без историја, освен таа за Татарстан, Кина и Монголија. Токму поради тоа по Устав во Бугарија сите се Бугари, а де факто во Бугарија има се’, само Бугари не’! Или многу малку. Толку останале од тие од Азија, се претопиле.
Да биде иронијата поголема, заради монолитност на бугарската како политичка нација, за Софија Македонците се посрбени Бугари, како што за Белград Македонците се побугарчени Срби, старите амбиции од Балканските војни 1912-1913 година кога е извршена окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ кој трае до денес, или како што велеше Божидар Димитров “Македонците во Македонија се второкласни Срби, а Македонците во Бугарија се првокласни Бугари!“
Таа е вистината за Бугарите и за Бугарија!
И наместо да се занимава со пофундаментални прашања, како да ја спречи трајната емиграција која го празни просторот, а нацијата секундарно ја старее, на Софија главна преокупација и’ се Македонците и Македонија. Само од 2007 година до денес, од пристапувањето на Бугарија во сојуз со Европската Унија, од Бугарија се иселени околу 3.000.000 млади и образовани Бугари во Западна Европа. За најмногу 30 години, во Бугарија нема да има Бугари, ќе останат Роми и Турци!
Како и да е, Бугарија е за жалење и ние Македонците треба да и’ помогнеме! Да ја вратиме Бугарија на корените во Македонија и историската вистина, дека и покрај сите фалсификати, Бугарите како политичка нација во основа се етнички Македонци, Македонија е основата на државноста на Бугарија!
И се’ додека антимакедонизмот на Софија е официјална доктрина на Бугарија, некои кругови времено ќе се лажат по коњската опашка на Хан Аспарух, по Татарстан, Кина и Монголија. Но, ќе заврши модата и на таа лажна бугарска историја. Ќе дојде ден кога Софија ќе ја врати Бугарија на корените на Македонците и на Македонија!
Се’ додека за Софија Македонците се Бугари, Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик, а Македонија е дел од Бугарија, Договорот за “добрососедство“ меѓу Зоран Заев и Бојко Борисов од 1 авгсут 2017 година, кој ќе важи колку и Санстефанскиот мировен договор, е велепредавство на Македонската нација и држава, Македонците го отфрлаат и никогаш нема да го прифатат него!
На ваква историска манипулација во Софија, да туркате цела Македонска држава и нација во скутот на Бугарија, заради бугарските уцени со вето за членство на Македонија во Европската Унија и НАТО Алијансата, неизбежна е дијагнозата за лоботомија, за спас на пациентите од власта во последните 30 години со сериозни ментални нарушувања, тешка депресија или шизофренија.
ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот!