ЛУЃЕ КАКО МИЈАЛКОВ И КАКО ГРУБИ СО ГОДИНИ И ОСТАНАТА БАГРА СО ГОДИНИ НЕ МОКРАТ ОД ГЕРАМИДИ

Артан Груби ќе се врател, ама ако не му се одредел притвор. Во било која држава оваа бит пазар логика би била предмет на потсмев, но не и во Северна Депонија.
Сите се сеќаваме на бегството од 24 часа и пазарењето на Мијалков- ќе се вратам ама куќен да добијам. Покрај што тој пазар беше очигледен, пропратен со Боливуд сценарио каде Мишко Иванов случајно се најде пред суд, за овој пазар, небаре е нормално зборуваше и Вилма Русковска.
И види чудо Мијалков се врати од бегство и не доби притвор. Значи од БЕГСТВО што е еден од основите за мерка притвор.
Затоа не се чудете ако Артан се врати, можеби во дежурство на друг судија, и не добие притвор.
Сето ова во состојба кога за годините 2020, 2021 и 2023 Основниот кривичен суд Скопје во првичните предлози усвоил фантастични 98.5% од предлозите за притвор, одбиените се на ниво на статистичка грешка. Тоа за обичните смртници.
Привилегија со години најбезобразно да не крадат и потоа да го уценуваат судот или да си ја купуваат слободата со НАШИТЕ милиони ја имаат разни Артановци, Сашовци и остала багра која не мокри од ќерамиди три децении.
ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа