Шест дипломатски претставништва во Киев се оштетени во петокот во руски ракетен напад врз центарот на главниот град на Украина, соопшти украинското Министерство за надворешни работи. Министерството соопшти дека се оштетени мисиите на Албанија, Аргентина, Северна Македонија, Палестина, Португалија и Црна Гора.

Лисабон најостро ги осуди руските напади насочени кон главниот град на Украина, откако беше објавено дека биле оштетени неколку дипломатски претставништва во истата зграда, вклучително и оние на Португалија, Аргентина, Албанија и Црна Гора.

Во отсуство на рускиот амбасадор во Лисабон, вршителот на должноста на Руската Федерација беше поканет на разговор и му беше врачен официјален протест, соопшти португалската влада.

скриншот-20240826-134053.jpg

– Имаше многу интензивен напад на Руската Федерација врз градот Киев, а една од експлозиите предизвика релативно мала материјална штета на дипломатските објекти на неколку земји, вклучително и на канцеларијата на португалската амбасада – изјави португалскиот министер за надворешни работи Пауло Рангел.

 

Меѓу земјите чии дипломатски претставништва се наоѓаат „во истата зграда“ што беше погодена од експлозијата, тој ги спомена Аргентина, Албанија и Црна Гора.

 

– Апсолутно е неприфатливо нападите да оштетат или да ги таргетираат дипломатските објекти – додаде тој.