„ВМРО НИКОГАШ НЕ ДЕЈСТВУВАЛА ЗА БУГАРСКА МАКЕДОНИЈА; ЌЕ ГИ ГОНИ БУГАРСКИТЕ ЧЕТИ, КАКО ШТО ГИ ГОНИ ГРЧКИТЕ И СРПСКИТЕ“ – 1905 г.

„ВМРО НИКОГАШ НЕ ДЕЈСТВУВАЛА ЗА БУГАРСКА МАКЕДОНИЈА; ЌЕ ГИ ГОНИ БУГАРСКИТЕ ЧЕТИ, КАКО ШТО ГИ ГОНИ ГРЧКИТЕ И СРПСКИТЕ“ – 1905 г.

Бугарскиот весникар Филип Ганчев во 1905 година сведочи за македонската национална идеологија на Внатрешната македонска револуционерна организација иако бурно реагира против неа. Во весникот „Свободно слово” тој објавил статија во којашто панично предупредува на националниот сепаратизам на ВМРО – што се истакнал на пр. и во времето на Горноџумајското востание (1902), кога повторно дошло до судир меѓу централистите (ВМРО) и врховистите на служба за интересите на властите во Софија.

Занимливо, написот е насочен против декларација на револуционерот Петко Пенчев родум од Варна. Тој говорел дека „националните и религиозни разлики се туѓи за Организацијата”, и дека милетските називи „бугарин”, „србин”, „грк”, „влав”, „евреин” се вештачки поими коишто би ги снемало ако Македонија ја добие посакуваната автономија.

Ова е уште еден доказ дека поимите „бугари”, „срби”, „грци” – во отоманска Македонија не се однесуваат на етничка припадност, туку на милетот, т.е. религиозната и црковната припадност.

Во написот на бугарскиот наци-шовинист Филип Ганчев, читаме:

– „Ние се наоѓаме на почетокот на еден сепаратистички дух што провева во редовите на Внатрешната организација. Таа што досега дејствуваше од името на целокупниот бугарски народ;[1] којашто со апетит ги примаше неговите помошти, денеска, преку устата на своите претставници, излегува и вели: Меѓу мене и него има огромна разлика: Jас никогаш не сум дејствувал за бугарска Македонија, и ќе ги убивам нивните чети,[2] како што ги убивам српските и грчките!

…Претставниците на некогаш силната организација наместо да се стремат да ја зачуваат бугарската физиономија на Македонија, самите го помагаат нејзиното обезличување, и ако не стави крај на таа анархија, нема да биде далеку денот кога бугарскиот елемент ќе биде само спомен.

…Ни се чини дека не треба веќе да си играме со огнот, зашто досегашното благодушно молчење создаде многу ‘куражлии’.[3] Пред неколку дена еден пловдивски лист, сакајќи да ја заштити таа фалшива тема, ја советуваше Внатрешната организација да не истребува во Македонија ами во Софија – којашто била зло за тамошните работи! Слушате ли вие, бугарски граѓани!?”

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа