97 ГОДИНИ ОД СМРТАА НА ГОЛЕМАТА МАКЕДОНСКА ХЕРОИНА МАРА БУНЕВА

Мара Бунева беше македонска револуционерка, учесничка во македонското револуционерно движење и активен деец на Внатрешната македонска револуционерна организација (ВМРО). Таа останува запаметена како борец за слободата на Македонија и херој на своето време. На 13 јануари 1928 година, Бунева го изврши легендарниот атентат врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ, чин што ја претвори во симбол на отпорот и саможртвата.

 

Животопис на Мара Бунева

Мара Бунева основното образование го завршила во Тетово, а средното во Скопје. Нејзиниот татко, Никола С. Бунев, бил близок пријател со публицистот од Тетово, Матеја Геров, и д-р Никола Герасимов. Мара доаѓала од големо семејство со шест деца: Борис, Лазар, Мара, Надежда, Вера и Елена.

По Првата светска војна, Мара заминала за Бугарија, каде што го завршила високото образование на Софискиот универзитет. Подоцна, се омажила за офицерот Иван Хранков. Набрзо, нејзиниот брат Борис ја вовел во редовите на ВМРО, по што Мара почнала активно да извршува конспиративни задачи за организацијата, вклучувајќи преминување на границата.

 

Атентатот врз Велимир Прелиќ

Во 1927 година, по масовното затворање и судење на македонските студенти во Скопје од страна на српските власти, Мара Бунева ја презела својата најхеројска мисија. На 13 јануари 1928 година, на кејот на реката Вардар, кај Камениот мост во Скопје, Бунева го извршила атентатот врз српскиот државен обвинител Велимир Прелиќ. Овој чин бил одмазда за репресиите врз македонските студенти и нивните семејства.

По атентатот, Мара Бунева се застрелала за да не падне во рацете на српските окупатори. Починала од повредите следниот ден, на 14 јануари 1928 година.

 

Позадина на Атентатот

Атентатот се случил во контекст на голем судски процес против 20 македонски студенти, членови на Македонската младинска тајна револуционерна организација (ММТРО). Оваа организација, основана во 1923 година во Виена, имала мрежа низ европските градови како Берлин, Грац, Лајпциг, Прага и Париз, каде што студирале македонски студенти. Таа, исто така, воспоставила јадра во многу македонски градови, вклучувајќи ги Скопје, Штип, Велес, Битола и Крушево. Организатор на ММТРО бил Иван Бојаџиев од Велес.

Нејзината саможртва ја симболизира македонската борба за слобода и правдина. Чинот на Мара Бунева останува длабоко врежан во историјата како храбар и самопожртвуван отпор против српскиот окупатор.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа