И БАБА ВАНЃА СЕ ПИШАЛА МАКЕДОНКА ПО НАЦИОНАЛНОСТ УШТЕ ВО 1911 ГОДИНА

И БАБА ВАНЃА СЕ ПИШАЛА МАКЕДОНКА ПО НАЦИОНАЛНОСТ УШТЕ ВО 1911 ГОДИНА

Македонка по националност

Ванѓа е родена во 1911 година во Струмица (во пасошот е запишан датумот 3 октомври 1911, денот кога е евидентирано нејзиното раѓање). Познатата пророчица е родена под името Евангелија Сурчева, за време на вледеењето на Отоманската империја со Македонија. По нејзиниот татко Панде подоцна го добива презимето Пандева, скратено Ванѓа Пандева.

За време на Балканските војни и по Првата светска војна, во Струмица се менувале многу власти и вршеле асимилирање на населението. Најпрво Бугарија, каде Струмица припаѓа до 1919 година, а потоа Струмица влегува во кралството на СХС, па Грција и Југославија.

Но струмичани отсекогаш се сметале како дел од македонскиот етникум, па така, и граѓаните се декларирале како Македонци. Таков е и случајот со Ванѓа, што може да се потврди од нејзиниот пасош. Факт е дека Ванѓа е Македонка од нејзиното раѓање.

Ванѓа до 1942 годна живее во Струмица, потоа се мажи за Димитар Гуштеров и се преселува во Петрич, Пиринска Македонија, по што го добива презимето Гуштерова. При издавањето на нејзиниот бугарски пасош јасно е наведено дека таа, по националност, е Македонка.

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа