Татко на три деца проголтан од питон долг 7 метри: Мештаните му го откорнале стомакот и нашле бизарна глетка
Фармерот Пеко (30) отишол во плантажа со палми да собира сок за да направи кафеав шеќер кога предаторот го нападнал
Британскиот весник „Дејли мејл“ објави застрашувачка снимка на која се гледа моментот кога селаните во Индонезија извлекуваат фармер од стомакот на питон долг 7 метри кој го проголта цел.
Таткото на три деца Пеко (30) отишол во плантажа со палми да собира сок за да направи кафеав шеќер кога предаторот го нападнал во вечерните часови. Џиновската змија го задушила човекот обвиткувајќи го околу телото и го здробила до смрт, а потоа го проголтала.
Загрижениот брат на Пек Ваван отишол да го бара бидејќи тој не се вратил дома. Ја видел дебелата змија и побрзал назад за помош. Други локални жители пристигнале и го исекле рептилот, а потоа нашле страшна глетка , труп на несреќен човек во стомакот на предаторот.
„Зборувавме дека ќе нѐ изеде змија навечер. Тие се опасност за која сите знаат“, рекол Ваван, а пренесува „Дејли мејл“. Полицијата која пристигнала на местото потврдила дека Пеку бил убиен од питон .
„Змијата е пронајдена, а после тоа биле повикани мештаните и заедно го извадиле телото на жртвата од стомакот на змијата. Кога го извадиле телото од стомакот на питонот, жителите потоа ја однеле жртвата во погребалното претпријатие каде ќе биде кремирано. “, изјави тогаш началникот на локалната полиција.
Индонезија е огромен архипелаг во Југоисточна Азија и е дом на некои од најголемите питони и крокодили во светот. Огромните области на девствени шуми обезбедуваат совршена средина за бесконечно ловење на змиите и растење до огромни должини.
Сепак, во последниве години, бројот на напади врз луѓе се зголеми како што се зголемија плантажите со палми . Индонезија е еден од најголемите светски производители на шеќер од палми, природен засладувач кој се добива од сокот од палми.
Во август минатата година, една жена Хапса (57) беше згмечена до смрт од огромен питон додека работела на фарма. Змијата долга речиси пет метри лесно ја совладала ситната жена. Змијата го стискала здивот од нејзините бели дробови додека не се онесвестила несреќната жена.
Само неколку дена претходно, 74-годишната Мага ги однела своите крави на пасење во шумска област во планината Сумарамбу, на околу километар од нејзиниот дом, кога змија ја каснала и ја убила.
Мајката на пет деца Сиријати (30) во јули минатата година била кај својот брат за да одат на пазар и заедно да купат лекови, кога жива ја изел питон. Еден месец претходно, мајката на четири деца Фарида (50) исчезнала додека одела низ шума до пазар за да продава храна.