ЕВЕ ГО ПЛАНОТ НА ВУДРО ВИЛСОН ЗА ГОЛЕМА МАКЕДОНИЈА! СО ОПЕРАТИВЕН ШТАБ ВО СОЛУН АМЕРИКА ПЛНИРАЛА ДА ЈА ОСЛОБОДИ И ДА НАПРАВИ АВТОНОМНА МАКЕДОНИЈА ЗАЕДНО СО ПИРИНСКА И ЕГЕЈСКА УШТЕ ВО 1919 ГОДИНА
ОПЕРАТИВЕН ДНЕВНИК НА АРМИЈАТА НА КРАЛСТВОТО СХС НА МАКЕДОНИЈА 1919 г.
„Автономна Македонија треба да го опфати целиот српски, грчки и бугарски дел на Македонија – од Качаник и Шар Планина до реката. Струма. Центарот би бил во Солун. Се верува дека Америка сесрдно ќе ја поддржи оваа акција. Според договорот со Америка, американската војска и полиција, со центар во Солун, три години ќе бидат стационирани во автономна Македонија, по што Американците ќе се повлечат, а Македонците ќе формираат своја војска, полиција и други власти. ..
Акцијата за автономна Македонија ќе се состои прво од точно информирање на народот за идејата, со цел да се убеди во нејзината реализација, а потоа секој регион на Македонија ќе испрати петиција до Конгресот и Вилсон, барајќи, врз основа на принципите на Вилсон, на Македонците им се гарантира правото на самоуправа. Во овие петиции, поткрепени со доволен број потписи, ќе се бара автономна Македонија под протекторат на Големите сили. Голем дел од народот верува дека сегашната ситуација нема да остане, но дека Македонија секако ќе биде автономна…“
ИЗВОР: Архив на Воено-историскиот институт – Белград, Оперативен дневник на Оперативниот оддел на Врховната команда, кн. 38, 85, лок. бр. Ф. Jo 19.701, 7.3.1919.