Доналд Трамп изјавил дека разговарал со Владимир Путин на телефон. Детали од разговорот се откриени.
Претседателот на САД Доналд Трамп разговарал по телефон со рускиот лидер Владимир Путин за да се обиде да преговара за крај на војната во Украина.
“Подобро да не ја кажувам вистината”, рече Трамп кога го прашаа колку пати двајцата лидери зборувале. Како што тој вели, Путин е “загрижен” за страдањето на луѓето во Украина.
– Тој сака луѓето повеќе да не умираат таму. Сите тие мртви луѓе, млади, убави луѓе. Тие се како вашите деца, два милиони од нив, и умираат без причина. “Тригодишната војна никогаш немаше да се случи ако јас бев претседател во 2022 година”, изјавил Трамп.
“Отсекогаш сум имал добри односи со Путин, за разлика од мојот претходник. Бајден е срам за нашата нација. Целосен срам – рече тој. Трамп изјавил дека има план за ставање крај на војната.