Кој би поверувал! Во 1853 година од Велес за Солун се движеле мали бродчиња гемии кои носеле роба! Гемијата имала шестоаголен облик и ја управувале двајца кормилари.Била долга 8, а широка 3 метри

МАКЕДОНСКА ГЕМИЈА
Во периодот од 1853-1856 г. за време на Кримската војна, во Велес започнала трговија со Солун по реката Вардар со помош на бродови наречени гемии. Во Велес првите гемии се изработувале на местото викано Врежот, до Мало мовче, каде и се товарале. Годишно за Солун се пуштале и по 10.000 гемии.Гемијата имала шестоаголен облик и ја управувале двајца кормилари.Била долга 8, а широка 3 метри.Се изработувала од топола или бор. Имала носивост од 500 до 600 килограми. Со гемиите се превезувале памук, тутун, жито, афион, сончоглед, кои биле носени во Велес од цела Македонија, како и од другите балкански земји. Гемијата патувала до Солун 3 -5 дена.Гемијата му донела на Велес голем просперитет во времето на националната преродба и го направила голем трговски, културен, образовен и духовен центар на Македонија, се до доаѓањето на железницата во 1873г.
Сите реакции:

Птоломеј Македонски, Marjan Trajkovski и 4 други

ВАЖНО!!! Почитувани читатели на МКДПресс, ограничени сме поради нашите позиции! Најавете се директно на страницата www.mkdpress.eu . Споделете на вашите профили, со пријателите, во групи и на страници. На овој начин ќе ги надминеме ограничувањата, а луѓето ќе можат да стигнат до алтернативното гледиште на настаните!?
Можеби ќе ти се допаѓа